Тешка сообраќајна несреќа на македонските патишта

 

Вчера во 17:00 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село на излезот од Струмица пред бензинската пумпа, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „БМВ 316“ со бугарски  национални ознаки, управувано од Т.П.(32) од Струмица и работна машина за сечење на дрва, управувано од Е.Ш.(31) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ш. и сопатникот Д.А.(31) од Струмица, на истите им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица, по што Е.Ш. е задржан на понатамошно лекување додека Д.А. е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица во Струмица.

 

 

 
 
14.01.2017 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега