Вооружен напад во спортска обложувалница во Скопје - вработените преживеале пекол
Вооружен напад се случил вчера во спортската обложовалница Спорт Лајф. Како што информираат од полицијата, вчера околу 20,30 часот вработен во спортска обложувалница „Спорт Лајф“, лоцирана на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ пријавил дека две засега непознати маскирани лица го скршиле шалтерското стакло и со закана со пиштол им наредиле на вработените дневниот промет да го стават во кеса, по што напуштиле лице место одземајќи засега неутврдена сума на пари.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
15.01.2017 - 11:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа