Уште едно македонско семејство остана без покрив на глава - изгоре куќа до темел

Спрат од куќа стара околу 30 години во кичевското село Бачишта утрово изгоре во пожар кој бил предизвикан од запалена печка, информираат од Противпожарната единица од Кичево. 

Горан Соколески од ТППЕ Кичево истакна дека пожарот избил од запалената печка, ги разбудил домашните, кои веднаш ги повикале пожарникарите. Децата биле извадени, но продолжила борбата со огнот

-Се работи за куќа стара триесетина години, која има и трска наместо бетонска блоча и веројатно тоа дополнително придонело на огнот, кој од шпоретот ја зафатил покуќнината, вели Соколески.

Пожарот го гаснеле шест пожарникари си две возила, а околу 7 часот бил целосно изгаснат. Првичните проценки укажуваат дека се работи за штета од 15.000 евра

 
 
16.01.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега