Кире Лазаров: Пораз за освестување

Капитенот Кире Лазаров, кој на натпреварот со Словенија го постигна својот 1.000-ти гол во националниот дрес, истакна дека поразот треба да ги освести ракометарите.

– Имавме две победи, влеговме малку и во еуфорија, како и секогаш, такви сме ние Македонците, но овој меч секако не го одигравме на високо ниво. Повторно тргнавме лошо, со неколку нереализирани удари, Словенците обезбедија предност, и потоа беше многу тешко да се вратиме во игра. Промашувавме зицери, дојдоа на осетна разлика Словенците, а ние бркавме резултат. Така го загубивме натпреварот. Можевме да парираме, но ете, им честитам. Можеби ќе звучи и чудно во овој момент, но не е важно дали ќе загубиш со еден гол или со десет, едноставно ги загубивме овие бодови, и одиме понатаму. Се уште сме во игра и имаме добра позиција, изјави Лазаров.

Македонија вечерва го загуби натпреварот со Словенија со 29:22 во рамки на Светството првенство кое се одржува во Франција.

 

 
 
16.01.2017 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега