Червар го признава поразот: Треба да се мобилизираме, имаме уште два наптревари

Селекторот на Македонија Лино Червар по вечерашниот пораз од Словенија рече дека противникот заслужено ги освои бодовите.

- Бевме надиграни од селекцијата на Словенија. Самиот почеток за нас беше лош. Ние бевме слаби, а тие играа поборбено. Имавме ритам кој не ни одговараше, тие беа потрпеливи во нападот. Ја менувавме зоната, но немаше ефект. Во првиот дел особено бевме лоши во нападот и затоа поразот беше неизбежен. Имаме уште два натпревара и треба да се мобилизираме и Миркуловски да оздрави.

Исклучувањето над Миркуловски на почетокот на дуелот требаше да биде црвен картон, нагласи хрватскиот стручњак на клупата на „црвено-жолтите“.

Македонија загуби од Словенија со 29:22 и го запиша првиот пораз по три кола на ракометниот Мундијал во Франција. 

 
 
16.01.2017 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега