СКАНДАЛ: Катица Јанева го спасува Заев - повелечено обвинението за случајот „Пуч“

Како и што се очекуваше, Катица Јанева го повлече обвинението за предметот Пуч во кое еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според СЈО, поднесокот денеска ќе биде доставен до Кривичниот суд.
СЈО објаснува дека се откажува од обвинението бидејќи обвинителниот акт бил во спротивност со наводните докази кои обвинителството ги собрало во истражните постапки за предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

„Појаснуваме дека, во насока на професионално работење, ние не може да застапуваме обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаме и истрагите отворени од наша страна. Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа.“ – стои во соопштението на СЈО

Одлуката на СЈО не е ништо неочекувано за оние кои го следеа судскиот процес. Заев практично и не се појави во судница наоѓајќи разно разни оправдувања за одложување на рочиштата.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци најави дека овој процес ќе добие ваков епилог, бидејќи како што изјавија, СЈО е само продолжена рака на СДСМ, па оттука, не треба да се очекува дека Катица Јанева да води предмети против Зоран Заев.

Во судскиот процес „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи

Сепак, ова не беше единствениот кривичен предмет кој се води против лидерот на СДСМ. Оној од кој Јанева не може да го спаси е преметот “поткуп“ каде Заев е снимен во акција одобрена од Судот, како бара поткуп од бизнисмен во Струмица.

 
 
18.01.2017 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега