ФОТО: Тешка сообраќајка вечерва кај Блаце, сообраќајот е блокиран

Вечерва околу 19: 30 чaсот се случи сообраќајна незгода на магистралниот пат Скопје- граничен премин Долно Блаце, кај место наречено Вражји Вир, помеѓу автомобил Ауди со скопски регистарски таблички и товарно моторно возило Волво со цистерна полна со нафта.

Цистерната е во ендек, волвото е извртено на коловозна лента, а возачот и сопатникот од ПМВ Ауди со возило на ИМП се пренесени со повреди во Ургентен Центар.

blace3

Сообраќајот е блокиран во двата правци према ГП Долно Блаце и Скопје. Од МВР апелираат до граѓаните да не го користат овој правец на движење кон ГП Долно Блаце до негово повторно ставање во функција.

Како што јави репортерот на ТВ Нова од терен, се очекува сообраќајот да започне нормално да се одвива за нeколку часа.

 
 
18.01.2017 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега