Момче од Центар преживеа хорор за 200 денари

Во 23 часот и 40 минути во Полицијата во Центар, Г.Ј. пријавил дека во 21,30 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ на автобуска постојка врз неговиот 14 годишен син од страна на две непознати лица било извршено разбојништво, на тој начин што едниот го прашал колку е часот, а другиот го удрил во пределот на главата и му го одзел мобилниот телефон, а на другарот кој бил со него му побарале и му одзеле 200 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.                                 

 
 
19.01.2017 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега