Втора аболиција на Заев за криминал- молчи Заев, а молчат и од платеничката револуција

Платената револуција на СДСМ/Сорос палеше, демолираше и ја напаѓаше македонската полиција после аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, а после аболицијата на опозицискиот лидер Зоран Заев од Катица Јанева и СЈО истите тие платеници се сокрија во глувчешка дупка, пишува Курир.

Уште еднаш излегува на површина политичкиот мотив на таканаречената „Шарена револуција“. Уште еден непобитен доказ дека тие беа само политички инструмент на СДСМ/Сорос е фактот што истите тие кои секојдневно со месеци дивееја низ скопските улици, сквернавеа спомен обележјата и напаѓаа ги државните институции по аболицијата на Иванов, сега се сокрија и ги нема никаде кога СЈО и Јанева го амнестираат Заев од одговорност. Ќе има правда и ќе има мир кога Заев ќе одговара пред законот за сторените криминали.

Дополнително, скандалозната одлука на СЈО и Јанева да го повлечат обвинението за случајот „Пуч“, ги потврдува сомнежите во ајвноста дека обвинителството на Јанева не е ништо друго, туку партиски орган на СДСМ. Истата Јанева која неодамна тврдеше дека СЈО сакало секој предмет да го разреши на суд, сега го повлекува обвинението и му овозможува на Заев да се спаси од одговорност пред судските институции.

-Значи мора еднаш за секој пат да се знае дека спедијалносто јавно обвинителство има свои стандарди за постапување, високи стандарид и секој предмет сака да го раљзреши пред Судот, изјави Јанева во своето гостување во „Топ тем“.

Катица Јанева и Ленче Ристоска најавуваа дека стандардите на СЈО биле многу високи и такви што налагале судот да се произнесе за обезбедените докази. Тие до неодамна велеа дека се подготвени за судскиот процес против обвинетиот Заев.  „Подготвена сум да дадам воведно излагање“, рече на 22 септември минатата година Јанева при расправата на собраниската комисија за работата на СЈО.

Седум дена пред тоа, на 15 септември, нејзината помошничка Ленче Ристоска на прес-конференција порача: „Доколку има услови за да биде одржана главната расправа, ние сме подготвени да започнеме со предметот „Пуч“ “.  Еден месец и неколку дена подоцна, кога судијката Башевска ја одложи расправата поради безбедносните сертификати на поротниците, Јанева во судницата ~ се развика:

„Kако не ви е срам што го одложувате судењето цела година, го одложувате предметот и н` малтретирате“.

Тоа беше на 1 ноември 2016 година. Kој ви е впечатокот од овие изјави? Дека Јанева никогаш не била поспремна за започнување на „Пуч“. Ви личи ли ова на случај во кој таа не е убедена во доказите? Или тоа беше само глума поради потребата да се прави спектакл пред изборите?, анализира денеска дневниот весник „Дневник“.

Значи, имаме три изјави, две на Јанева и една на Ристоска, со кои тие во месеците пред изборите, по дузина одложувања и развлекувања на случајот „Пуч“, меѓу другото, и поради свадба во семејството на Јанева, оставаа впечаток дека цврсто стојат на ставот за започнување на главната расправа. Сега, кога изборите поминаа, Јанева, која била спремна за воведното излагање и СЈО, во чие име Ристоска порача „ние сме подготвени“, одеднаш се откажува од процесот.

Имале контрадикторни докази, па сега не биле убедени дека со тие докази можеле да водат случај против Заев, Верушевски и целата компанија. Можно ли е тоа? Тешко. Тоа што всушност сега СЈО ни вели е дека има нови докази што ги побиваат претходните докази, што кусо кажано значи дека претходните докази не биле докази. И тоа СЈО не можело да го види цела година? За што тогаш Јанева ќе давала воведно излагање? Меѓутоа, останува дека јавноста ја виде и снимката на Груевски и Заев во кабинетот на тогашниот премиер (сеедно што Јанева не ја прифати како доказ оти била компромитирана со објавување, а подоцна, пак, Фетаи бараше незаконските снимки да бидат доказ во случајот „Центар“). Останува и тоа дека на видело беа извадени и скајп-комуникациите на Верушевски (а можете да претпоставите дека тоа е само минорен дел од тоа што се случувало и минорен дел од доказите) за граѓанска војна за тоа дека вршат голема работа и дека нема да бидат заборавени, а конечно тука е и спогодбената пресуда на Звонко Kостовски.

Заев молчи и се крие, исто како што се криеше за „Глобал“

Заев повторно молчи и се крие исто како што се криеше и молчеше без да ја коментира аболицијата за случајот „Глобал“, криминал тежок 8 милиони евра.

Заев со уште петмина во средината на јули 2008 година за случајот „Глобал“ заврши во притвор. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра, веројатно, се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.

Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес.

Докази за „Пуч“ има, но не и за Јанева

МВР и Oбвинителството за гонење организиран криминал, во јануари пред две години обвинија дека поранешниот контаразузнавач Зоран Верушевски шпионирал и собирал документи од државни институции, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се заканувал и го уценувал тогашниот премиер Груевски дека ќе ги објави компромитирачките материјал.

Криптирани пораки, анализа на безбедносната состојба и политичките случувања во Македонија, скајп-комуникации и заговор на црни сценарија. Писма рачно напишани, за кои Заев потврди дека му ги испраќал на Верушевски, видеоснимка од уцената во премиерскиот кабинет не се доволно докази за СЈО и Катица Јанева за да биде застапник на обвинението за мегааферата „Пуч“, во која беа обвинети петмина, а шестоосомничениот ја призна вината и одлежа затворска казна.

graganska-vojnaverus

Форензичката анализа на носачите на информации од запленетите компјутери на Верушевски открија скајп комуникација меѓу него и Лазаревски, кои се кријат зад прекарите „Кока кола 10а“ и „Оркестар 11“. Според истрагата беа пронајдени и анализи на политичката и безбедносната состојба во Македонија, неколку години наназад, поткрепена со тези, транскрипти од телефонски разговори и смс.

puc zaev verusevski

Поголем дел од нив биле симнати од хард диск на веќе оштетен лаптоп, еден од синовите на Верушевски се обидел да го искрши со секира пред да падне во рацете на полицијата, информираа тогаш од МВР. Лаптопот, го уништил, но хард дискот останал неоштетен, па полицијата стигнала до траг на поголем број активности кои ги имал контраразузнавачот, информираа тогаш од МВР.

pismo-zaev

Полицијата во домот на Верушевски најде и писмо, за кое лидерот на СДСМ потврди во телевизиско интервју дека му го испратил.

„Работата која ја чекавме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив многу високи познаници од партијата на премиерот … (мислејќи на странската држава) кои се токму на општествените позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и вие. Сега останува само да ми кажете кога може да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но богами и овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата“ – му напишал Заев на Верушевски.

-Писмото е автентично, комплетно точно – изјави претседателот на СДСМ, во интервју за 24 Вести, во февруари 2015 година.

За време на истрагата полицијата откри дека поранешниот шеф на ДБК, усовршил криптиран начин на комуникација со членовите на неговото семејство. Пораки меѓу себе не пишувале со букви, туку со бројки. Како да го разберат напишаното знаеле единствено тие. За секоја буква, имало број, некои букви ги пишувале со едноцифрени, а некои со двоцифрени броеви. Еден од телефоните беше најден за време на апсењето на сопругата на Верушевски во домот на 5 обвинетиот, во Струмица. Според полицијата за време на акцијата таа го фрлила телефонот преку прозор.

Аболицирањето на Заев е преседан- предметот може да се врати кај ОЈО

Во судската практика во Република Македонија никогаш или многу ретко се случувало Јавен обвинител да се повлече од вака голем предмет. Аболицирањето на Заев е преседан, коментираат експертите и додаваат дека вообичаено Јавниот обвинител оставал судот да ги цени доказите.

Не се знае што ќе се случува со доказите кои се обезбедени против Зоран Заев и Зоран Верушевски после амнестијата. Според мислењето на правници кои што ги консултиравме, откажувањето на Катица Јанева од предметот „Пуч“ може да се толкува како нејзина нестручност и немање капацитет да го истурка до крај, што може да биде основа за враќање на предметот во Обвинителството за гонење на дела од областа на организираниот криминал.

 
 
20.01.2017 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега