Професор Поповски: Обвинувањата за пристраснот и непрофесионалност на СЈО се оправдани

Професорот Владо Поповски при своето гостување на Клик плус на ТВ 21, истакнува дека СЈО држи драматични прес конференции и даваат политички изјави што не прилегаат на еден јавен обвинител.

Според професорот Поповски обвинувањата за пристрасност и непрофесионалност на СЈО се оправдани.

-Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно има соопштено дека не е подготвена да даде поддршка на СЈО во смисла на продолжување на мандатот и усвојување на барањата. Меѓутоа причини кои што беа изнесени при соопштението дека нема да има поддршка од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е сомнението во професионалноста и во непристрасноста на СЈО илустрирано со невообичаениот начин на дејствувањето од почетокот до пред некое време, во кое што најкарактеристични беа оние конференции за печат во кои што се
изнесуваат на мошне драматичен начин интересен за гледање податоци од пред истражна постапка која што по дефиниција е тајна, потенцира Поповски.

Тој додава дека во еден период во кој што секогаш беше предизборен СЈО имаше функција на драматизирање на јавната свест и на расположението, при што се изнесоа сомненијата за параполитичка функција на СЈО, за што и само обвинителство има дадено за основа.

– На пример еден протест на специјалната јавна обвинителка на судот кога беше одложено некое рочиште сега не се сеќавам точно за кој предмет, меѓутоа се сеќавам на изјавата директно на судот, дека покажувате вие дека не сте подготвени да се расчистат неправилностите во Република Македонија што е типично политичка изјава, која прилега на лидер на политичка партија или политичари, пратеници, функционери, припадници на политички партии, но не и за обвинител,  истакна професорот Поповски.

Поповски говорејќи за СЈО истакнува дека според постапките и работењето обвинувањата за пристрасност и непрофесионалност на СЈО се оправдани.

 
 
22.01.2017 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега