Повредени седум лица во Скопје

Вкупно 23 сообраќајни несреќи се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Скопје.

На 20 јануари, се случиле 10 сообраќајни незгоди. Во четири од нив има повредени седумина, од кои еден пешак се здобил со потешки повреди, а шест сообраќајки биле со материјална штета.

Осум сообраќајни незгоди се случиле на 21 јануари, однив во четири со полесни повреди се здобиле шест лица, а кај останатите е констатирана материјална штета.

На 22 јануари увид е извршен на пет сообраќајни незгоди, од нив кај три шест лица се здобиле со полесни повреди, а две се со материјална штета.

Во текот на изминатите три дена полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци. Седум возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол, и се исклучени од сообраќај, 11 возачи поминале на црвено светло на семафорот, 24 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, 12 возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 85 возила биле непрописно паркирани.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 78 возила

 
 
23.01.2017 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега