ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на СДСМ за студентски кампуси се лицемерни

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на најавата на СДСМ за изградба на студенски кампуси во кое оценува дека нивните ветувања се лицемерни и оти немаат никаков кредибилитет да говорат за унапредување на студенскиот стандард.

– Ветувањата за изградба на нови студентски домови во неколку градови се повеќе од лицемерни. Токму СДСМ жестоко се противеше на формирање на нови универзитети, меѓу кои и Универзитетот „Гоце Делчев“ за чии потреби сега ветуваат студентски сместувачки капацитети, се наведува во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека во изминатиот период се реализирани бројни проекти со кои е унапреден студенскиот стандард како што се новите сместувачки капацитети во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“, втората фаза од реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, новите читални, библиотеки и лаборатории, а со новите законски измени се предвидува и намалување на партиципацијата за 50 проценти за студентите од самохраните и еднородителските семејства, промена на студентски статус, стипендии за постдипломски и докторски студии…..

– Согласно ветувањата за изградба на три нови студентски домови, информираме дека за два од нив, Студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“ и за Студентскиот дом во Тетово, постапката е целосно завршена и наскоро започнат градежните активности, се наведува во реакцијата.

 
 
23.01.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега