ГРОМ: СЈО со откажувањето од „Пуч“ го аболицира Заев

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) денеска оцени дека Специјалното јавно обвинителство со откажувањето од случајот „Пуч“ го аболицира лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Образложението на СЈО за тоа зашто се откажува од обвинителскиот акт е обична „евтина манипулација“ со аргументи кои наводно само тие ги знаат и никој друг во државата. Згора на тоа што оваа аболиција, спротивно на важечките прописи, законот и Уставот, ја прави една неуставна институција како што е СЈО, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Тој праша зошто Заев и неговите соработници, доколку биле чисти, не дозволиле судот да процени дали има основа за кривично гонење против нив.

Според ГРОМ, со ваквиот потег на СЈО се отвара можност за нови аболиции.

 
 
24.01.2017 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега