Трајковска: Во април програмата „Реално“ предвидува стартува нов проект за 80% поддршка за системи капка по капка и ископ на нови бунари

Напредокот и модернизирањето на земјоделскиот сектор е една од основните цели и политики на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години инвестираше над 1 милијарда евра во земјоделието. Пари кои го помогнаа, модернизираа и подигнаа квалитетот на земјоделскиот сектор, изјави на денешната прес конференција, Емилија Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжените го пренесуваме целиот текст интегрално:

Преку 90.000 земјоделци на годишно ниво ги користат земјоделските субвенциите.

Тоа се 90.000 семејства кои добиваат помош од државата за нивниот вложен труд.

Разликата во земјоделската политика со СДСМ е очигледна. Кога тие беа на власт, за земјоделците се двоеја 5 милиони евра и тоа само една година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ му даде шанса буквално на секој еден земјоделец кој сака да се занимава со земјоделие. Во периодот од 2006-та до 2016-та година ВМРО-ДПМНЕ преку 100-тина јавни огласи и повици додели над 65.500 хектари земјоделско земјиште и тоа на над 9.000 земјоделци кои за прв пат добија шанса од државата да произведуваат.

За споредба, во периодот пред 2006-тата година не секој имаше шанса да добие државно земјоделско земјиште. Само околу 400-тини фирми и олигарси блиски до СДСМ имаа привилегија да ги користат државните земјишта.

Ова, обичниот земјоделец не им го заборава на Социјал-демократскиот сојуз.

Впрочем, во нивно време земјоделската гранка беше на најниско можно ниво од цела Европа.

Денес, после 10 години ситуацијата драстично е променета. Имаме успешни приказни на земјоделци кои веќе 10 години ги користат мерките и помошта од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ знае што му е потребно на земјоделецот. ВМРО-ДПМНЕ е секојдневно помеѓу земјоделците и се бори за решавање на секој еден нивни проблем. Земјоделците тоа го знаат најдобро. Тоа е нашата одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ во својата најобемна програма РЕАЛНО предвиде во април 2017-та година да стартува новиот проект преку кој се нуди 80% поддршка од државата за системи капка по капка и ископ на нови бунари. Оваа мерка е наменски воведена за да им помогне на земјоделците да остварат поголем приход, додека пак благодарение преку помошта која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, инвестицијата ќе ја повратат уште во првата година.

Начинот на кој се грижи ВМРО-ДПМНЕ за земјоделците е јасно видлив и препознаен од самите земјоделци. ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да го помага земјоделието, бидејќи е моторот на стопанството во нашата држава.

 
 
24.01.2017 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега