Данев до Плевнелиев: Политичарите во заминување треба да се фалат со пријателства кои ги изградиле, а не колку ги влошиле односите со другите

Обично политичарите на заминување потсетуваат и се фалат како решиле многу конкретни проблеми, како унапредиле соработка, какви мостови на соработка изградиле, какви проекти завршиле од интерес за народот и државата. Како од непријатели создале пријатели. Ја истакнуваат својата визија и резултати и успеси кои треба народот да ги запомни откако тие заминуваат од функцијата, напиша Драган Данев на својот Фејсбук профил.

-Плевнелиев на заминување од Претседател на Бугарија се пофали дека свесно ги влошувал односите со Македонија, издржал да не ја посети Македонија ниту еднаш и учествувал во менување на бугарската политика кон Македонија и заоштрување на односот со Бугарија кон Македонија. Кажа и дека во ЕУ може да влезе Македонија, но не и македонизмот. Се кажа ама не кажа дека решил макар и еден проблем во меѓусебните односи. Не кажа, бидејќи и нема што да каже. Макар и нешто малку корисно и завршено со успех во позитивен правец. И многу е горд на тоа. На тоа што од пријател создава непријател. Очигледно тој сметал и сеуште смета дека проблемите ќе ги реши со правење штета на Македонија и со запирање на дијалогот. Закопан длабоко во историјата, човекот се смета за политичар со европски манири. Иако бесмислено, човекот така функционира, напиша Данев.

dragan-d

 
 
24.01.2017 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега