Детали за страшната несреќа: Прегазена млада кумановчанка

 

Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 30 минути се случила страшна несреќа на патот Кумановско-Никуштак, во која 31-годишниот Ш.А. од Скопје со своето БМВ, удрил во 29-годишната Е.Д. од селото Лопате, кумановско.

Полицијата денеска информира дека девојката со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош, како итен случај е препратена во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

 
 
27.01.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега