Младо момче изрешетано со куршуми на улица во Скопје

Утринава се случило убиство  на улицата „Александар Урдаревски“, на локалниот пат кој ги поврзува населбата Бутел и селото Мирковци.

Засега непознат сторител од пиштол испукал неколку куршуми кон 26-годишниот Џемајледин М. од Скопје, при што го усмртил. Телото на Џемајледин кое лежело на улицата го забележала 27-годишната Е.С. од скопското село Брњарци и случајот го пријавила во полиција.

Телото е предадено на обдукција.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

11:29

најчитано сега