Пријава до МВР: За 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата во Скопје

60 годишно лице кое наводно било во алкохолизирана состојба вечерва се јавило на телефонскиот број 192 и ја алармирало полицијата дека за 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата на Македонија во Скопје.
Полицијата веднаш превземала мерки по што утврдила дека 60 годишниот С.Ј од Скопје извршил лажно пријавување.
При претресот кај него бил пронајден мобилниот телефон од кој се јавил на 192.
Тој во разговор со полицијата изјавил дека сакал да привлече внимание врз себе поради незадоволство за наводна за него спорна одлука на општина Гази Баба.
Од МВР ја потврдија информацијата и најавуваат соодветна постапка.

 
 
27.01.2017 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега