МВР: Пијан маж се заканил дека ќе ја гранатира Владата

Пијан маж лажно пријавил гранатирање на Владата информира вечерва МВР во писмено соопштение. 

!Во 17:40 часот на телефонскиот број 192 од мобилен телефон се јавил маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“. МВР веднаш постапи и ги презеде сите оперативно тактички мерки. Пронајден е мажот кој се јавил на 192 и однесен во полициска станица, каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано затоа што, како што рекол, „сакал да привлече внимание затоа што не бил задоволен од функционирањето на системот во државата“. Имено, во текот на денешниот ден, тој бил приведен во полициска станица за друго дело, за кое, според негово тврдење не бил виновен. Се преземаат соодветни дејствија за расчистување на случајот, а известен е и јавен обвинител.“ - стои во соопштението на МВР

 
 
27.01.2017 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега