Дипломатите со позитивни оценки за иницијативата на Иванов за годишните неформални средби

Претставниците на дипломатскиот кор, некои од нив за првпат, ќе имаат можност да ги запознаат убавините на тоа место на падините на планината Јабланица, чистиот воздух, недопрената природа кај Вевчанските извори, како и со културно-историските споменици во Општина Вевчани.

Дипломатите со позитивни оценки за идејата на претседателот Иванов да организира вакви средби, каде ќе имаат можност меѓусебно да се сретнат во малку поопуштена атмосфера, надвор од вообичаените строги норми што ги предвидува дипломатскиот протокол.

- Ова е мошне добра и плодотворна иницијатива на претседателот да организира вакви годишни средби и тоа надвор од главниот град. Тоа за нас е можност да посетиме други места, градови во земјата. Две години сум тука како амбасадор и првпат доаѓам во Вевчани, што само е потврда дека на овој начин не само што имам можност да запознаам нешто повеќе за убавините на Македонија, туку и дека ваквите активности се во насока на дополнителна промоција на туристичките потенцијали на Македонија, изјави Јацек Мултановски, амбасадорот на Република Полска во Македонија.

Сличен став има и Самуел Жбогар, шеф на Мисијата на ЕУ во Скопје, кој исто така вели дека се работи за одлична иницијатива на претседателот да кани на вакви средби надвор од Скопје.

- На некој начин не тера да излеземе од главниот град и да ја видиме земјата, да ја запознаеме и да ја засакаме. Не само што имаме можност да прошетаме и да ги видиме убавините на Вевчани, културно-историското наследство, но и да се сретнеме да разговараме со нашите колеги во малку порелаксирана амосфера, што секако ни помага во подобрување на нашите односи во контекст на нашите работни обврски тука, изјави Жбогар.

За градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриновски ова е голем ден, што можат да бидат домаќини на високите гости.

- Чест и задоволство ни е што претседателот Иванов и диплматскиот кор се гости на Вевчани. Јас ќе ги искористам денешните средби да ги запознаам високите гости со располага што Вечвани, какви се прерспективите за развој на општината во областа на туризмот, пред се, за што веќе имаме разработено физибилити студија и мастер-план за ски-центар, како и за можностите за искористување на чистата изворска вода која ја имаме во изобилство за отварање капацитети за флаширање. Очекувам госите да заминат со убави впечатоци, рече Угриновски.

Во рамки на посетата на вевчани дипломатите ја посетија и црквата „Свети Никола“, како дел од богатото културно-историско наследство на Дримколскиот крај.

Според агендата, дипломатите посетата на Вевчани ќе ја заокружат со заеднички ручек, можност да ги вкусат надалеку познатите вевчански специјалитети и да почувствуваат дел од традиционалното гостопримство на луѓето од тој крај на Македонија. 

 
 
28.01.2017 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега