Противниците на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во ДУИ го напуштија состанокот во Мала Речица

Функционерите на ДУИ кои не се согласуваат со формирање на Влада во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ го напуштиле состанокот на Централното претседателство на интегративците во Мала Речица, јави телевизијата 21 повикувајќи се на информации од местото на настанот.
Според истиот извор, состанокот го напуштиле Невзат Бејта, Теута Арифи и Изет Меџити. Сите важат за блиски до СОРОС и противници на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот развој на настаните во новинарските кругови се коментира како јасен показател во каква насока се движи вечерашниот состанок на највисокото партиско тело на ДУИ.
Се претпоставува дека тие си заминале откако Ахмети пресекол дека ќе се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.
Последната информација која стигна од ДУИ беше дека состанокот се уште трае и дека одлуката не е донесена.
Според партискиот статут на ДУИ, Ахмети има право сам да ја донесе одлуката за идното коалицирање на партијата, а Централното претседателство на интегративците има само советодавна улога.

 

 

 
 
28.01.2017 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега