Крај на состанокот на ДУИ во Мала Речица

Нема договор по состанокот на ДУИ во Мала Речица. По неговото завршување лидерот Ахмети ја потврди информацијата.

„Се уште немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција. Ги анализираме сите опции за најдобрата одлука во корист на Албанците и за сите граѓани на Македонија, без разлика дали се Албанци, Македонци, Срби, Роми и Власи“  изјави Ахмети. 
Во врска со видеото на кое се гледа автомобилот на Бејта пред СДСМ, Ахмети рече дека тој е претседател на партијата и дека знае кој каде е и што прави.

Партискиот портапрол, Бујар Османи рече дека состнаокот ќе продолжи утре и дека сите опции се во игра.

 
 
28.01.2017 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега