Тепачка среде центарот на Скопје

Тепачка среде центарот во Скопје. Вчера во 16.00 часот во поллициската станица во  Центар, 46-годишниот Ѓ.К.  од Скопје пријавил дека на 27.01.2017 година околу 21.00 часот во Скопје, во паркот „Жена Борец“ две непознати лица извршиле разбојништво над неговиот шеснаесетгодишен син.

 Додека неговиот син со другар се движеле во паркот, лицата со боксирач и нож почнале да му се закануваат дека  физички ќе го нападнат доколку не ја соблече јакната. Малолетникот ја соблекол јакната во која му бил и мобилниот телефон со слушалки. Откако ја зеле јакната сторителите побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
29.01.2017 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега