Момче повредено на Попова Шапка

Дваесет и три годишниот 23-годишниот Д.О.од Шипковица во саботата се повредил при скијање на скијачката патека „Бабин извор“ на Попова Шапка.

-Префрлувајќи се од една на друга патека, загубил контрола и удрил во пластичната ограда која била поставена во близина на еден од неисправните ски-лифтови, ја пробил и завршил во челичните сајли на лифтот, соопштуваат од СВР Тетово.

Повреденото момче било пренесено во тетовската клиничка болница, по што итно бил префрлен на скопските клиники. Укажана му е помош и пуштен е на домашно лекување. Полицијата извршила увид и го расчистува случајот.

 
 
30.01.2017 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа