Кои се опциите за нова коалиција во Македонија

Распоредот на силите во Парламентот покажуваат дека клучната улога во составувањето на потребното мнозинство ја има ДУИ. Интергативците свесни за тоа, поставуваат услови, се пазарат и се обидуваат да добијат најмногу што можат од ситуацијата во која се наоѓаат, иако на последните избори го добија најслабиот резултат од нивното формирање.
Изборните резултати покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ има најмногу пратеници, односно 51 но тие, не се доволни за формирање влада.
За мнозинство, на ВМРО-ДПМНЕ му фалат уште 10 пратеници. Теоретски, во игра се три опции.
Едната е онаа која се договараше во текот на вчерашниот ден, а тоа се пратениците на ДУИ со кои би можеле да  заокружат минимум мнозинство од 61 пратеник.
Втората опција, само како теоретска, најверојатно неостварлива во пракса, се останатите 3 албански политички партии и коалиции во Собранието. Пет пратеника на БЕСА, три на алијансата и 2 на ДПА се доволни за да се формира мнозинство од 61 пратеник.
Третата опција за ВМРО-ДПМНЕ, исто така само како теорија, со речи си никаква можност за нејзино остварување во пракса е коалиција со СДСМ со што двете партии би имале огромно мнозинство од 100 пратеници.
Во спротивниот табор, СДСМ има две опции од кои, онаа нереалната, коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е сведена само на теорија.
Во останатите комбинации, клучен за Заев е Ахмети, бидејќи без ДУИ, за СДСМ нема начин да се формира коалиција.
Во такви околности, во новинарските кругови на шега се коментира дека Ахмети е всушност новиот мандатар, бидејќи формирањето на Владата речи си комплетно зависи од неговата партија.
Сепак, треба да се има предвид дека и во ваква ситуација, постои уште опција е тоа е Собранието да се распушти и да се организираат нови избори.
Но согласно Уставот, меѓу два изборни циклуси од иста категорија мора да има најмалку 6 месеци временско растојание, што значи, дека ново соочување со граѓаните партиите, најрано можат да закажат на 11 јуни

 
 
30.01.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа