Ресен: Пијан удрил во две возила
Во 01 часот и 55 минути во Ресен на улицата „Илинденска“, на паркинг позади зградата на општина Ресен, се случила сообраќајна незгода при што 31-годишниот С.Р.М. од Бугарија, под дејство на алкохол, управувал возило „Тојота“ со бугарски национални ознаки, при што удрил во паркирано возило „Голф“ со ресенски регистарски ознаки, ское му пришаѓа на 26-годишниот М.Д. (26) од Ресен, како и возило „Рено Лагуна“ со ресенски регистарски ознаки, на 26-годишниот А.Д. од Битола.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.
По наредба на Јавен обвинител, Бугарот е задржан во полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа