Тешка сообраќајка: Четири возила се судрија на Партизанска

 

Денеска околу 14:45 во близина на пекарата „Специјал“ во Карпош 4, се случи сообраќајна насреќа, во која учествувале 4 возила.

- Во несреќата учествувале четири возила, а засега едно лице се пожалило на повреди, при што е пренесено во Ургентен центар - велат од полицијата за Телеграф.мк.

Очевидци за Телеграф раскажале дека едно возило ја изгубило контролата и излетало од коловозот, при што удрило во возила паркирани на тротоарите.

Од полицијата немаа информации за марките на возилата што учествувале во несреќата и останати дополнителни детали. Како што потврдуваат од таму, во моментов се врши увидот.

 

 

ФОТО: Телеграф.мк

 

 

 
 
30.01.2017 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега