Лажна дојава за бомба во Собранието го крена МВР на нозе

 

Доцна синоќа нов анонимен телефонски повик во Министерството за Внатрешни Работи ја крена полицијата на нозе, откако било пријавено дека е подметната бомба која ќе го крене Собранието на РМ во воздух.

Непознато лице се јавило синоќа во 23 часот и 2 минути во полиција и пријавило дека има бомба во Собранието, по што веднаш Единиците за антитероризам излегле на терен. Сепак, дојавата била лажна и дошла од говорница од затворот Идризово.

Ова е втор ваков обид за неколку денови откако викендов пијан маж се закани дека има поставено бомби во Владата на РМ. Полицијата веднаш превземала мерки по што утврдила дека станува збор за 60 годишниот С.Ј од Скопје. При претресот кај него бил пронајден мобилниот телефон од кој се јавил на 192. 

 
 
31.01.2017 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега