Две лица загинаа во страшна сообраќајка на патот Маврово - Дебар

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која попладнево во 15:45 часот се случила на патот Маврово - Дебар кај местото викано Сенички ливади. Како што дознава Press24 од полициски извори, од се уште неутврдени причини, возилото марка Ауди А6 со гостиварски регистарски таблички излетало од патот при што возачот и неговиот сопатник, лица на возраст од педесетина години починале на лице место.  Од полицијата за Press24 ја потврдуваат оваа информација. Велат дека увидот се уште трае поради што сообраќајот е во прекин.

11.08.2013 - 17:36

најчитано сега