Утврден идентитетот на загинатите во сообраќајката на патот Маврово - Дебар

52 годишниот Нуредини Демирали и една година помладиот Мемеди Рамадан, двајцата од село Дебреше, се лицата кои попладнево загинаа во тешката сообраќајка која се случи на патот Маврово - Дебар кај местото викано Сенички ливади, дознава Press24. Според информациите, тие со возило марка Ауди со гостиварски регистарски таблички излетале од патот и починале на лице место. Полицијата се уште врши увид, сообраќајот е во прекин.

11.08.2013 - 17:51

најчитано сега