Откриен идентитетот на мажот пронајден починат во хотел во Гостивар

Шеесет и едно годишниот Ќ.Н., државјанин на Македонија и САД е лицето кое вчера беше пронајдено починато во соба во хотелот „Хилтон“ во Гостивар, информираат денеска од МВР.

Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а на телото на починатиот маж не биле пронајдени траги на насилство.

По извршената обдукција телото е предадено на семејството за погреб.

Најверојатно Ќ.Н. починал од природна смрт.

 
 
01.02.2017 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега