Ахмети: За излез од кризата потребна е поширока дебата меѓу ВМРО и СДСМ

За излез од оваа политичка криза, мислам дека ни треба поширока дебата. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да разговараат меѓу себе. Се работи за доброто на земјата. Сметам дека за доброто на земјата треба да се воспостават линии за комуникации меѓу овие две партии. Ова го рече вечерва во интервју за тетовската телевизија „Арт“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Коментирајќи го денешното соопштение на министерството за надворешни работи на Русија, Ахмети рече дека случајот е ист како со српскиот воз во Косово кој е подготвен во Москва. Според него евроатланстскиот пат е единствениот пат добар за Македонија.

- И Европа треба да ни помогне. Ние нема да донесеме финална одлука без да се консултираме со меѓународната заедница. И уште нешто. Сите треба да знаат дека ДУИ ќе донесе правилна одлука“, рече лидерот на ДУИ.

Претходно во интервјуто, Ахмети рече дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се согласиле за правење влада бидејќи партијата на Груевски не сакала да го прифати условот за продолжување на работата на СЈО, и дека во неговата партија нема фракции и дека потпретседателите не отишле во СДСМ на своја рака.

- „Ние не бегавме од ваквите средби. Јас знаев дека тие се отидени таму. Информациите дека во ДУИ има спротиставени ставови околу тоа со кого да коалицираме не се точни“, рече Ахмети.

 
 
03.02.2017 - 00:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега