Георгиевски: Повлекувањето на обвинението за „Пуч“ не беше принципиелно

Последното повлекување на обвинението за случајот „Пуч“ не го прифаќам, како човек и како граѓанин, затоа што сметам дека не беше принципиелно, вели лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во емисијата „Аргументи“.

– Прво, ние преку таа афера „Пуч“ чекавме да ја видиме и другата страна на медалот и тоа е општо како принцип. Немаше поубав начин да видиме дека некој е невин или дека некој е крив, освен тоа ако не го гледаме со наши очи пред Судот, со присутво на новинари, медиуми. Не знам зошто таа шанса СЈО ја испушти на таков дури и наивен начин, кога и тие знаат дека секојдневно се напаѓани од власта дека се под контрола на опозцијата, вели Георгиевски.

Тој додава дека ќе остане нејасно колку овие “уфрлените играчи“ исто така си земале за право да прислушуваат и тие дополнително да следат.

-Таа работа мораше да се рачисти до крај. Мислам дека тој дел непринципиелно се заврши, рече Георгиевски.

 
 
04.02.2017 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега