Како Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на младите?

Денеска, по повод Меѓународниот ден на младите, 12 Август, ќе биде презентирана публикацијата „Младинско организирање во Македонија-Чекорите до Национален младински совет”.

На презентацијата што ја организира Националниот младински совет на Македонија ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, амбасадорот на УНИЦЕФ во Македонија Бертранд Демулан и претставничката од Делгацијата на ЕУ Петра Андерсен.

Националниот младински совет е најголема претставничка чадор организација на млади во земјава. Формирана е во јуни годинава во Струга, а ја сочинуваат 55 организации, младински, организации за млади, сојузи и подмладоци на полиитчки партии. 

најчитано сега