Тешка сообраќајка во Велес: 21 годишно момче итно пренесено во Скопје

 

Вчера наутро во 4:35 се случила сообраќајка во Велес, во која со тешки телесни повреди се здобил совозачот 21 годишниот  И.А. од Велес.

Сообраќајката се случила откако 18 годишниот Б.Д. од Велес удрил во бетонски ѕид на кружниот тек на улицата Алексо Демниевски.

Совозачот со тешки телесни повреди бил пренесен ЈЗУ-Велес каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредата, истиот бил пренесен на Клиничкиот центар во Скопје.

 Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
05.02.2017 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега