Што договорија СДСМ и ДУИ денеска

Работните групи на СДСМ и ДУИ денеска во хотелот “Холидеј Ин” во Скопје ги започнаа преговорите за формирање на влада.

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, рече дека главна тема на разговорите била одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го додели мандатот на втората по големина партија.

Од ДУИ средбата ја оценија како конструктивна, но не посочија повеќе детали за тоа во кој правец ќе се одвиваат преговорите во периодот којшто претстои.  

Ова е прва официјална средба меѓу претставници на СДСМ и ДУИ, по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов, мандатот за формирање на нова влада да му го додели на оној мандатар којшто ќе му достави доказ дека успеал да собере 61 потпис.

 
 
06.02.2017 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега