Вечерва средба на СДСМ со БЕСА

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска вечерва е на средба со раководството на Беса во еден скопски ресторан, пишуваат медиумите кои известуваат на албански јазик.
Нивните претпоставки се дека таа собира потписи за мандатот од Претседателот Иванов.
Според медиумите под контрола на опозицијата, СДСМ планира да собере 67 потписи. Дали ќе успее од тоа главно ќе зависи од ДУИ со оглед на тоа дека партијата на Ахмети има 10 пратеници.
Последниот став кој беше соопштен од ДУИ е дека тие не планираат да даваат потписи пред да биде договорена соработката и коалицијата за нова Влада.

 
 
06.02.2017 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега