Разбојници нападнале струшко семејство, по што почнала голема тепачка - има и повредени
Лицето М.А., нејзиниот сопруг Е.А. и нејзината свекрва З.А. биле физички нападнати синоќа во својот дом во Струга, од Ф.Н. и околу десетина други непознати лица.
Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 22 часот на ул. „Црн Дрим“.
- Додека М.А., Е.А., З.А., и нејзините четири деца гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата. М.А. отишла да ја отвори вратата каде стоел Ф.Н. со непознатите лица, кои во рацете држеле ножеви, метални шипки и други предмети. Во тој момент Ф.Н. без повод и причина ја удрил М.А. со шамар и тупаница во пределот на лицето и телото, а потоа заедно со останатите лица влегле внатре каде ги нападнале З.А. и Е.А.. По кратко време сите учесници продолжиле да се тепаат во дворот пред куќата, каде Ф.Н. со метална шипка го удрил Е.А. во пределот на главата, кој паднал во безсознание, се наведува во соопштението.
Дел од учесниците биле префрлени во Медицински центар, каде им биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа