Вооружена кражба во Скопје: 24 годишно момче доживеа вистински пекол
Две непознати маскирани лица, вооружени со пиштол синоќа извршиле разбојништво над 24-годишниот Ј.Ф. од Горно Јаболчиште, Велешко.
Како што информира денеска МВР, разбојништвото се случило на улицата „Душко Поповиќ“ во Скопје.
Крадците му пришле од зад грб на Ј.Ф., му упатиле разни навредливи зборови и побарале пари. Тој извадил околу 6.600 денари и им ги дал на крадците. Еден од сторителите со пиштолот го удрил Ј.Ф. во пределот на десното око, нанесувајќи му видлива повреда. Од ударот Ј.Ф. паднал на земја, а сторителите побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа