Вистинска драма во Битола: Нападнал 4 лица со нож - едно лице заврши во болница

 

Непознат сторител синоќа околу 19:30 часот на ул. „Кирил Пејчиновиќ“ во Битола во куќата на Б.С. (25) извршил насилство над него, неговиот татко, неговиот чичко и неговиот зет.

Сторителот со нож на Б.С. му нанел телесна повреда во пределот на бутот констатирана во Клиничка болница Битола.

Откако бил совладан сторителот и му бил одземен ножот, истиот се упатил во кујната и се обидел да земе друг нож, но откако не успеал скокнал низ прозорецот од дневната соба и побегнал во непознат правец.

За време на настанот биле присутни и тројца малолетници кај кои било предизвикано чувство на страв и несигурност. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 
 
07.02.2017 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега