Две лица со фалсикувани пасоши фатени на Табановце

 

Ноќеска во 00:10 часот на ГП „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи на лицата Д.М. (28) и Г.В. (39), двајцата од Албанија, се фалсификувани, односно извршена била замена на по една страница од друга патна исправа.

Со нив бил извршен разговор и тие изјавиле дека фалсификувањето го направиле со цел да ги отстранат забраните, кои им биле втиснати.

Со потврда за привремено одземени предмети, патните исправи им се одземени, а лицата се приведени. Во 01:20 часот со потврди за предавање на лице, лицата и патните исправи се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

 

 
 
07.02.2017 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега