МВР се огласи: Да не се шпекулира со имиња додека трае истрагата за пронајденото оружје во Чаир
Министерството за внатрешни работи попладнево апелираше додека трае истрагата да не се шпекулира со имиња и адреси за случајот со пронајденото оружје во подрумските простории во населбата Чаир.
- Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по насоки на јавниот обвинител, се работи на расчистување на случајот со пронајдената муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир во Скопје, се наведува во соопштението.
Од МВР истакнуваат дека по расчистување на случајот, јавноста ќе биде информирана за сите детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа