Ослободување на Албанци од затвор, промена на името - што точно содржи платформата на албанските партии во Македонија

Ослободување од затвор на обвинетите во случаите „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“, „Диво Насеље“. Воведување на двојазичност на целата територија, албанска комисија која ќе одлучува за рамномерно трошење на Буџетот и вклучување на Албанците во преговорите со Грција. Платформата која Албанците ја нудат за договор за нова Влада е вистински удар врз македонската држава коментираат експертите.
Во нема, освен барање за ослободување на најтешките криминалци во македонската историја кои се осудени со правосудни пресуди се бара и формирање на посебно тело на албанските политички партии кое ќе следи како оваа платформа се применува.
За експертите барањето на етничките Албанците да се вклучат во преговорите за името и идентитетот кон кои не ги врзува ништо е барање за брза промена на името завиткано во обланда.

Дали СДСМ ќе ги прифати овие барања од партијата не откриваат.

И ДУИ и БЕСА и Алијансата се едногласни дека без нивно прифаќање нема формирање на Влада.

 

 

 
 
07.02.2017 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега