Беса: Ако Заев не ја прифати платформата нека не се надева на Влада

Ако СДСМ не ја прифати платформата Заев нека не се надева на нашата поддршка за формирање на Влада. Движењето Беса во изјава за медиумите кои известуваат на албански јазик потенцира дека за поддршката на нивните 5 пратеници, Заев мора да ја потпише албанската платформа

“Ние имаме секојдневна комуникација со СДСМ, но во моментов немаме официјални средби. Ние ќе ја поддржиме СДСМ во формирањето на Владата само ако се прифати албанската платформа. Дали ние ќе бидеме дел од Владата, ќе одлучуваме подоцна“ велат од Беса за Тетова Сот.

Идентичен став има и во алијансата на Албанците. Велат дека се подготвени да ги дадат своите потписи за оној лидер кој ја прифати албанската платформа.

Во СДСМ молк за платформата на албанските партии. 

Во неа стои дека се бара ослободување на криминалци од најтешките случаи како Монструм, Диво Насеље, Сопот и  др. Како и инсталација на двојазичност на целата територија и менување на името за влез во НАТО и ЕУ.

 

 

 
 
07.02.2017 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега