Попладнево два силни земјотреси - земјата никако да се смири

Силни земјотреси од 4 степени попладнево се регистрирани во Турција и Италија. 

Во Турција се регистрирани еден куп потреси со различен интензитет, а најсилниот потрес е регистриран во Измир со јачина од 4,1 степени по Рихтер на длабочина од 5 километри.

Исто така, посилен потрес е забележан попладнево во Италија, исто така со 4,1 степени по Рихтер, на длабочина од 2 километри. Почувствуван е и друг потрес од 3,8 степени.

Се стресе и Кипар со 2,2 степени по Рихтеровата скала.

 

 
 
09.02.2017 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега