Трагедија во Македонија: Мртва жена пронајдена во куќа
Уште една трагедија во текот на вчерашниот ден ја потресе Македонија. Во 08 часот во Росоман,Кавадарци, на улицата„Душан Кириќ“, во својот дом пронајдена е почината 80-годишната П.С. Смртта е констатирана од страна на лекар без траги на насилство, а најверојатно настанала како последица од задушување од чад од запалено ќебе, кое било оставено на термо печка.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицијата во Кавадарци.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб.
09.02.2017 - 13:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа