Бомба пронајдена на улица во Тетово
Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 20 минути во Тетово на раскрсницата од улиците „Браќа Миладинови“ и „Мурат Бафќари“, кај Балезова чешма, 51-годишниот Д.А. од Тетово, пронашол рачна бомба.
Полицијата информира дека тетовчанецот бомбата ја замотал во најлонска кеса и ја донел во полицијата во Тетово.Од страна на полициски службеници бомбата е обезбедена и во 20 часот е предадена на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
СВР-Тетово превзема мерки за расчистување на случајот.
10.02.2017 - 12:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа