Полиција упадна во куќа во Гостивар - еве што пронајдоа

Вчера по добиена судска наредба извршен е претрес во дом и два помошни објекти во село Балиндол во кои живеел и ги користел А.Б 20- годишен.

 При претресите пронајдена била тревкаста и прашкаста материја кои биле предадени на вештачење, по што е утврдено дека станува збор за наркотична дрога марихуана во вкупна тежина од 104 грама како и еден грам кокаин.

Против А.Б. поднесена е кривична пријава и истиот бил изведен пред судија од Основниот суд Гостивар кој му одредил мерка притвор во траење од 48 часа, по што пријавениот е спроведен во казнено поправниот дом во  Тетово.

 

 

 

12.02.2017 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега