Тимоние: Македонија треба да формира влада во најскоро време

На Македонија и е потребно формирање влада во најскоро време, истакна амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоније на денешната средба со градоначалникот на општина Гостивар и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта.

Амбасадорот Тимоние нагласи дека Франција ја поддржува Република Македонија, како и сите процеси во развојот на демократијата и пристапување во Европската унија".

Тимоние и Бета разговарале за политичката состојба во земјава и истакнале дека е неопходно што посокоро формирање  влада.

- Државата не е во состојба на криза, но ние како амбасада, сепак сме на став дека не треба да се губи време при формирањето влада. Посакуваме вашата земја да биде стабилна и да напредува во правец на воспоставување на демократски вредности и дека ќе стане држава на граѓаните. Важно е да преовладува мир и да нема конфронтации, бидејќи во спротивно сите би изгубиле, изјави амбасадорот Тимоние.

Домаќинот на средбата, Невзат Бејта, го потврди ставот дека формирањето на влада е неопходно да се случи во поскоро време, која, како што рече, треба да биде прифатлива за мнозинството граѓани во нашата држава.

- Правдата, слободата, рамноправноста, така ќе да дојдат на свое место и ќе се зацврсти демократијата. Граѓаните очекуваат што поскоро земјата да излезе од кризата и да се формира влада која ќе биде прифатлива за мнозинството граѓани. Со прифаќање на таквата влада, во нашата земја ќе се зајакнат демократијата, слободата, еднаквоста и правдата меѓу сите граѓани без оглед на која заедница му припаѓаат, рече Бејта.

Амбасадорот Тимоние и градоначалникот на Гостивар, разговараа и за актуелната состојба на локално ниво и спроведените проекти во изминатиот период.

 

 

 

13.02.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега