ВМРО-ДПМНЕ: Заев и соработниците мора да одговараат за криминалот што го направиле

Зоран Заев и неговите соработници мора да одговараат за криминалот што го направиле, за скандалозно-криминалните тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“ кои Заев му ги даваше на неговиот сопартиец, претседател на партиската Комисија за енергетика Митко Андреевски, изјави денеска пред Основното јавно обвинителство во Скопје, Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.

Праша дали вака СДСМ подразбира транспарентна тендерска постапка, при што секоја јавна набавка завршува во нивните партиски џебови. - Затоа Струмица нема гас и затоа струмичани плаќаат астрономски цени за гасот, додаде Пишев.

Рече дека денеска се тука за да ги достават доказите за овој криминал до надлежното јавно обвинителство.

- Со криминалот поврзан со гасот во Струмица на јавното претпријатие само со последниот тендер од 2016-та година му е направена штета од 700.000 евра. Ова се пари на струмичани, пари на сите нас кои завршиле во џебовите на сопартијците на Заев, истакна Пишев.

Од целокупната документација која ја доставуваме до јавното обвинителство, како што посочи, фирмата СИ ЕН ЏИ СИСТЕМС од Скопје не ги исполнува условите за учество и за добивање на тендерот за гас на јавното претпријатие Струмица Гас.

- Единствениот услов што го исполнува фирмата СИ ЕН ЏИ СИСТЕМС е тоа што нејзиниот сопственик Митко Андреевски е претседател на партиската комисија за енергетика на СДСМ и близок пријател на Зоран Заев. Јавноста знае дека тоа е човек фирма, без никаков имот, регистрирана на адреса на домот на родителите на неговата сопруга во Драчево, рече Пишев.

Аргументите на Митко Андреевски дека неговата фирма соработувала со извесна фирма Галилео СА, како што нагласи Пишев, е уште еден доказ дека последниот тендер на Струмица гас е незаконски. - Овој економски оператор не е регистриран во Електронскиот систем за јавни набавки, тврди Пишев.

Тој изрази надеж дека надлежното јавно обвинителство во најкус можен рок ќе ја разгледа пријавата и ќе покрене постапка против одговорните

 

 

 

13.02.2017 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа